Катерина Булатовиќ се враќа во Будуќност

По две сезони минати во странство (Олчим и Ѓер), најдобриот десен бек на планетата Црногорката Катерина Булатовиќ, повторно потпиша за екипата на Будуќност, чиј дрес го носеше пет сезони.

Катарина Булатовиќ има две титули во Лигата на шампионите, со Шлагелсе (2007 г.) и со Будуќност (2012 г.), а како член на најголемиот фаворит оваа сезона (Ѓер), на добар пат е да се стекне и со трета.

„Мило ми е што се враќаам дома и што повторно ќе играм со девојките со кои ги остварив своите најголеми спортски успеси, на клупски и на репрезентативен план. По две години минати во странство, мило ми е што повторно ќе играм во Подгорица, пред верните навивачи. Се надевам дека во Будуќност ќе пристигнам со нов пехар освоен во Лигата на шампионите“, изјави Булатовиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.