Катица Јанева одбива да одговори на прашањата од пратениците (ВИДЕО)

Откако координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски го искористи правото да постави неколку прашања до Катица Јанева на Комисијата за политички систем во врска со Извештајот за работата на СЈО, Јанева соочувајќи се со неколкуте незгодни поставени прашања од Димовски, одби да даде одговор со едноставно образложение дека нема контрареплика.

Како и во неколку наврати досега, така и денес Катица Јанева демонстрираше класично непочитување на Собранието како институција, на пратениците, како и на основната причина зошто е таа дојдена денес во Собранието на Република Македонија.

Дополнително, во досегашниот тек на Комисијата, Катица Јанева покажа тотална незаинтересираност за прашањата и забелешките кои што беа упатени до неа од страна на пратениците, но и покажа дрскост и си дозволи, без даден збор од страна на претседателот на Комисијата, да упадне во репликата на Илија Димовски, дофрлувајќи му дека поставувал многу прашања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.