ФОТО: Катица Јанева повторно фатена во лага

Во изјавата што Јанева ја потпишала под материјална и кривична одговорност стои дека на земјата што ја бара под закуп има насад со овошје. Според судските вештаци нивите не биле обработувани, а насадот бил на опожарена површина на која скоро 50 години имало црн бор. Дека нивите се пустелија, се гледа и од фотографиите што ги објави телевизијата „Алфа“.

Пред еден месец Kатица Јанева беше фатена во лага, со барањето на службен стан од Владата на Република Mакедонија или пак закупнина на стан во Скопје, а специјалната јавна обвинителка сега повторно е фатена во лага.

Телевизија АЛФА денеска објави документи според кои СЈО аплицирала на јавен повик, по багателна цена да земе под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост, кое било под узурпација.

За учество на јавниот повик што го распишало министерството за земјоделие, услов било на земјиштата да има насади стари најмалку три години, а право на аплицирање имале само регистрирани земјоделци или трговци поединци кои се занимаваат со земјоделство, стои во „Јавниот повик“.

Izjava-na-Katica-Janeva

Според документите, Јанева понудата ја поднела крајот на септември, каде од државата ги бара под закуп нивите  во катастарската општина Мрзенци со површина од скоро 3 декари, и пишува дека намената е овоштарство. Во изјавата што Јанева ја потпишала под материјална и кривична одговорност стои дека на земјата што ја бара под закуп има насад со овошје. Отворениот повик  бил за 17 општини, меѓу кои и Гевгелија.

Откако завршил….