петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Катица Јанева си го вработила и внукот во СЈО

Непотизам и непрофесионалност, еднострана политичка обоеност и пристрасност е она по што до сега е познато ова јавно обвинителство.

катица јанева

Последни вести

Внуци и внуки, осудувани лица и партиски кадри на СДСМ се дел од вработените во Специјалното јавно обвинителство, пишува „Курир“.

Непотизам и непрофесионалност, еднострана политичка обоеност и пристрасност е она по што до сега е познато ова јавно обвинителство.

Не е познато по кои критериуми СЈО ги избира кадрите кои ќе работат за нив, а и на поставени праша од таму не добиваме одговори.

Деновиве во јавноста беше актуелно вработувањето на внук од сестра на Катица Јанева. Ѓорги Делиџаков од Гевгелија, студент по економски науки.

deli

Непотизамот не е нешто ново за Јанева и нејзиниот тим. Во април годинава дневниот весник „Дневник“  објави дека во СЈО е вработена Елена Јосифовска, ќерка на обвинителката Елизабета Јосифовска, како и првиот братучед на обвинителот Гаврил Бубевски, како и уште неколку лица кои се во директна роднинска врска со обвинителите во СЈО.

Понова практика е да се вработуваат деца на оние кои ги бранат ставовите на СЈО.

Таков е примерот со ќерката на Есад Рахиќ, Берниса Рахиќ за која што има информации дека е вработено во СЈО. Есад Рахиќ е поранешен пратеник на СДС и жесток поддржувач на СЈО.

По однос на останатите вработувања кои се непрофесионални и поврзани со непотизам е и вработувањето на Катерина Рамбабова. Нејзината мајка Даница Рамбабова на претходните избори беше кандидат за пратеник на СДСМ. Катерина е ќерка на Миланчо Рамбабов, зад кого стои аферата за партиска книшка од СДСМ и наместо разрешување, добил награда-унапредување во претседател на Судот.

Едно од најскандалозните вработувања во СЈО е вработувањето на Боки Бургија, кој зад себе има криминално досие.

boki

Боки Бургија е осудуван за измама и за потешки дела од областа на безбедноста во сообраќајот, што очигледно не е пречка за Јанева, прекршител на законот да седи во институција која согласно закон треба да гони криминал.

На вчерашната пресконференција на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска сепак не успеа да избегне одговор на ова прашање и мораше да одговори на прашањата кои и беа упатени во врска со Боки Бургија.

На прашањето: Дали лицето кое што е вработено е осудено и има одлежено затворска казна, Ристоска одговори:

„Како што ви напоменав, законот предвидува услови кои што се неопходни за едно лице да биде вработено осудуваноста или неосудуваноста не е една од тие услови, туку дали постои забрана тоа лице да врши одредена професија, дејност или должност, за што ние добивме од судот потврда дека таква забрана тоа лице не поседува. “

За СЈО очигледно не преставува никаков проблем нивни блиски роднини, дел од нив без високо образование и осудувани криминалци  да земаат големи плати и хонорари од СЈО. Наводно го бранат идеалот „транспарентност“ а при тоа континуирано газат врз него. За потсетување, покрај тоа што не одговараат на прашања по оваа тема, Катица Јанева пред Собранието одби да даде отчет пред јавноста за тоа каде и како СЈО троши огромни суми на пари од џебот на граѓаните.

Најчитани вести