„Курир“: Катица Јанева во координација со обвинетите Верушевски и Заев?

Дали Катица Јанева е обвинител кој треба да ги гони Зоран Заев и Зоран Верушевски за нивната улога во „Пуч“ или Јанева е нивен адвокат кој се обидува да ги ослободи од вина, прашува порталот „Курир“.

Според порталот, ова прашањето се наметна откако специјалната обвинителка Јанева побара обвинетиот Верушевски да биде ослободен од притвор.

„Курир“ нагласува дека барањето на Јанева веднаш беше осудено од експертите како срамно, несериозно и незаконско. За нив во најмала рака е контрадикторно тоа што Јанева најпрво побара одлагање на предметот поради тоа што не била запознаена, за веднаш потоа да биде до толку запознаена што побара негово ослободување.

Како може за предмет што не го проучила, таа да се изјаснува за ослободување од притвор. Доколку Верушевски биде пуштен, може да влијае на сведоци, да остварува телефонски контакти и слично, смета аналитичарот Сотир Костов, поранешен Јавен обвинител во денешната изјава за Телеграф.

Дека постои некаква спрега помеѓу Катица Јанева и обвинетите Заев и Верушевски, дополнителен сомнеж се фрли вчера кога повеќето портали финансирани од Сорос започнаа да шират еуфорија дека судот го прифатил нејзиното барање и го ослободил Верушевски од притвор, иако таква одлука не беше објавена од судот, па од Основен суд Скопје 1 – Скопје реагираа на начинот на работа на порталите на СДСМ.

Врската меѓу Катица Јанева, Зоран Заев и Зоран Верушевски уште поцврсто ја потврди сопругата Зоран, Соња Верушевска, обвинета во истиот предмет. Која на својот профил на Фејсбук упати најголема благодарност токму до Заев:

verus-sonja

Денес се случи слобода на човекот кој не направи сите горди и достоинствени… Најголема благодарност упатувам до лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Република Македонија г-динот Зоран Заев кој не сплоти сите околу една визија и вистина за Македонија – Ви посакувам на сите до крај храбро, заедно да ја извојуваме битката за слободна и демократска Македонија.

Со обраќањето на Соња Верушевска веќе отворено се говори дека барањето за ослободување од притвор на Верушевски е изготвено од Заев, а веројатно само потпишано од Катица Јанева.