Македонија

„Катимерини“: Чудна мобилност околу името на Македонија

„Катимерини“: Чудна мобилност околу името на Македонија

Во врска со прашањето на името на Македонија постои една чудна мобилност, пишува денеска порталот „Катимерини“ во текст посветен на надворешната политика на Грција.

Како што јави дописникот на МИА, порталот потсетува дека од утре медијаторот Метју Нимиц ќе ги посети Скопје и Атина, во рамките на „обновување на напорите за изнаоѓање решение“.

„ Иако тој се чини дека е оптимист, Атина и Скопје го намалија нивото на очекувања. Според грчки дипломатски извори, Нимиц нема да донесе никаква нов предлог. Сепак, интересот кој Европа го покажува во последно време за Западен Балкан ги загрижува грчките дипломати кои ја нагласуваат посетата на италијанската министерка за надворешни работи Федерика Могерини како претседавач со ЕУ на Скопје, каде најави конкретни чекори за прашањето за името, но и интервенциите на Меркел во ова прашање“, коментира „Катимерини“.

Инаку текстот на порталот е посветен на „трите фронтови на надворешната политика“ на Грција со кои Владата ќе се занимава во август. Покрај прашањето за името, другите два фронта се преговорите за Кипар и влошувањето на односите со Албанија, откако Владата во Тирана промовира реформа со која се ограничуваат правата на малцинствата. Министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос му испрати писмо на неговиот колега Дитмир Бушати во кое го изрази незадоволството на Атина и предупреди на последиците кои може да ги претрпи процесот на пристапување на Албанија.

МИА