„Катимерини“: Ципрас не сака да соработува со Македонија и Турција за бегалската криза

Грчкиот премиер Алексис Ципрас не сака да соработува со Македонија или Турција во однос на кризата со мигрантите и бегалците, пишува „Катимерини“ повикувајќи се на дипломатски извори кои изминатиот викенд присуствувале на вонредниот самит во Брисел.

Под наслов „Позадината на состанок во Брисел“, весникот открива што се случувало зад затворени врати на мини самитот, повикувајќи се на информации од сопствени дипломатски извори.

– Темата која повеќе го „напрегна“ грчкиот премиер беше соработката со ПЈРМ. Во овој момент на дебатата, господинот Ципрас ја напушти просторијата за да зборува на телефон со Атина. За оваа конкретна точка, голем број официјални претставници изјавија за „Катимерини“ дека господинот Ципрас не сака да соработува со Македонија или со Турција, поради