„Катимерини“: Ципрас не сака да соработува со Македонија и Турција за бегалската криза

влијанието на министерот за одбрана Панос Каменос и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас, открива весникот.

Во врска со другите точки од дискусијата, „Катимерини“ нагласува дека според анализа на изворите, „поради зголемениот прилив на бегалци во последниве месеци, ривалства од 90-тите години почнуваат да доаѓаат до површината и дури можат да го запалат регионот“.

Весникот уште открива дека атмосферата во првичната расправа била многу негативна за Грција, а грчкиот премиер Алексис Ципрас бил „под оган“ пред се од неговиот унгарски колега Орбан и хрватскиот премиер Милановиќ. Важна улога во овој дел од дискусијата на состанокот во неделата одиграла интервенцијата на шефот на Високиот комесаријат за бегалци Антонио Гутереш кој застанал во одбрана на грчкиот премиер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.