вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 36

„Катимерини“: Грчката полиција почна да ги преместува мигрантите од границата

Грчката полиција почна да ги преместува мигрантите од границата со Македонија, откако поради дополнителните ограничувања за преминување на границата, стотици лица останаа заглавени, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

katimerini-begalci

Поврзани вести

Грчката полиција почна да ги преместува мигрантите од границата со Македонија, откако поради дополнителните ограничувања за преминување на границата, стотици лица останаа заглавени, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Грчката полиција заедно со неколку празни автобуси влегла во тампон зоната Идомени пред зори, пишува весникот повикувајќи се на изјавите на очевидци за Ројтерс.

Во тампон зоната Идомени имало околу 1.200 лица и тоа најголем број Авганистанци и лица без целосна документација.

Во меѓувреме на грчките острови пристигаат голем број мигранти од Турција. Утрово вкупно 1.250 мигранти пристигнале во Атина од грчките острови.

Најчитани вести