„Катимерини“: Нимиц нема да донесе нов предлог

Грчкиот весник „Катимиерини“ пишува дека медијаторот Метју Нимиц нема да донесе никаков нов предлог  во преговорите при неговата посета на Скопје и Атина.

– Сепак Нимиц не носи некој нов предлог во преговорите. Грчкото Министерство за надворешни работи нема таква слика, а слична атмосфера пренесуваат и медиумите од Скопје. Министерот за надворешни работи Никола Попоски вчера на прес-конференција на прашање дали очекува нов предлог на специјалниот пратеник на Генералниот секретар Нимиц, одговори дека нема најава за такво нешто“, пишува „Катимерини“.