сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 48

„Катимерини“ сеуште има тензии околу мигрантите на Лезбос

Тензиите поврзани со мигрантите на грчкиот остров Лебзос продолжуваат, откако еден маж вооружен со ловечка пушка им се заканувал на бегалците пред кампот „Морија“, а во исто време вкастите прават напори да обезбедат сместување за мигрантите чии времени живеалишта беа уништени при неодамнешниот пожар, објави денеска атинскиот весник „Катимерини“. 

132988200

Поврзани вести

Претставник на грчката полиција за весникот изјави дека вчера еден 84-годишен локален жител на Лезбос дошол вооружен со ловечка пушка пред влезот на бегалскиот камп „Морија“ и им се заканувал на мигрантите.

Мажот бил приведен, но полицијата набрзо го ослободила поради неговата возраст. Сепак, според полицискиот претставник, против него ќе биде поднесена пријава за илегално поседување оружје.

Претседавачот на Општинскиот совет на Морија, Никос Тракелис во изјави за „Катимерини“ вели дека состојбата со мигрантите на Лезбос излегува од контрола.

– Владее хаос. Не можете да држите 3.000 лица во простор предвиден за 800, изјави Тракелис, нагласувајќи дека проблемите дополнително ќе ескалираат во претстојниот период кога на мигрантите ќе им биде потребен огрев и кога „ќе почнат да тропаат на вратите на локалните жители барајќи храна“.

Организацијата за заштита на човековите права „Амнести Интернешанл“ (АИ) вчера соопшти дека во Грција се наоѓаат над 60.000 мигранти, кои живеат во „ужасни услови“.

АИ ја повика Грција да ги подобри условите за живот на мигрантите, а до другите членки на ЕУ апелираше да ја забрзаат процедурата за прераспределба на бегалците, согласно планот на Европската комисија.

– Доколку прераспределбата продолжи со сегашното темпо, ќе бидат потребни 18 години за загрижување на сите мигранти, оцени Организацијата.

На маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк, грчкиот премиер Алексис Ципрас вчера се сретнал со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, при што, според Атина, тие се договориле да работат заеднички за целосно спроведување на договорот меѓу ЕУ и Турција за запирање на мигрансткиот прилив кон Европа.

Најчитани вести