Катимерини шпекулира со уште еден предлог кој ќе асоцира на словенско потекло

Грчкиот весник Катимерини , повикувајќи се на добро информирани извори, пишува во неделата дека на преговарачката маса освен четирите предлози на медијаторот Метју Нимиц се наоѓа уште едно име кое сѐ уште не е објавено во јавноста, а се поврзува со илинденскиот период.

Грчкиот весник вели дека новото име ќе го рефлектира словенското потекло на земјата, отфрлајќи поврзаност со антиката.

Според „Катимерини“ македонската страна ги одбила предлозите Горна Македонија и Нова Македонија како „ерга омнес“.

Катимерини смета дека во секој случај двете страни се во дипломатски спринт, што се очекува да биде засилен во пресрет на самитот на Европскиот совет на 28-ми јуни.

Атина и Скопје повторно бараат име за севкупна употреба по неуспехот двете страни да се согласат за Илиденска Македонија и според добро информирани извори на Катимерини, на преговарачката маса е ново име поврзано со Крушево, име кое сè уште не е откриено во јавноста