Катната гаража кај Стара железничка во трка за светска награда

Новата катна гаража на улица Свети Кирил и Методиј, во близина на Старата железничка станица, влезе во најтесниот избор за светската  награда  „Арчитизар А+“ во категоријата за транспортни структури. Во конкуренција се уште четири објекти.

Гаражата е дело на архитектот Милан Мијалковиќ, кој за овој објект веќе доби награда за фасадата, на манифестцијата „Архитектура на Град Скопје“.

Фасадата е изработена од ламинатни панели од дрво со голем издржливост на атмосферски влијанија и овозможува природна вентилација на објектот. Гаражата е со две подземни и седум надземни нивоа.