Католиците денеска го слават Бадник, утре Божик

Римокатоличката црква и сите христијански цркви кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Бадник, наспроти Божик, раѓањето на Исус Христос.

Овие верници, традиционално, постите ги завршуваат со појавата на првата вечерна ѕвезда на небото, а потоа во храмовите во целиот свет започнува свечената рождествена литургија. За време на неа верниците се потсетуваат на старозаветните пророштва и настани поврзани со раѓањето на Спасителот.

По свечената литургија, доаѓа ред на празничната вечерва. Стар обичај е да се сервираат посни јадења.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.