среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 42

Католиците и дел од правсловните го слават Божиќ

Католичките верници и дел од православните христијани кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божиќ.

katolicki-bozik-1

Поврзани вести

Католичките верници и дел од православните христијани кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божиќ.

Традиционално во Македонија централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божиќна полноќна света литургија, пишува МИА.

На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и претседателот на Владата Никола Груевски со сопругите, како и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска.

gruevski-katolicki-1

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на литургијата ја прочита божикната порака.

 За нас верниците Божик е вистинска средба со Бога и тоа длабока во нашата свест, совест и нашето срце. Бог е создател на материјалните добра, но нив ги даде да со нив се служиме а не да робуваме. Посебно, со материјалното да не присилуваме други на немаштина и вистинско сиромаштво. Бог со овој настан објави вистинска слобода, каде човекот е најголема вредност дури и да е повиен во пелени и положен на слама во јасли. Неговата големина не се состои во тоа што има, туку во тоа што е. Божјата скромност е силна порака на денешниот раскошен и заробен човек со сите изуми како што се: хедонизмот, материјализмот, егоизмот.

Божиќ сака барем за миг во тој лажен свет да не собере околу најголемата вредност, а тоа е човекот. Вечерва да измолиме од Бога да ни ги отвори очите на нашето срце, нашиот ум и во животот да препознаеме вистински вредности и за нив да се залагаме да Божјото очовечување ни биде наша божественост. Сакам да предложам, денес на Божик повикајте некој сиромав, болен, во потреба и ќе почувствувате дека нанесувајќи среќа на другиот го среќавате Бога, а на тој начин и самите ќе се почувствувате исполнети.

Драги верници, честитајќи ви го овој голем празник на Христовото Рождество – Божик, посакувам Тој да ни биде средба и настан кој во нас, во длабочините на нашите срца – колку и да биде тоа сиромашно – ќе се роди Емануел – Бог со нас! Христос се роди!, истакна бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.

Божиќ денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

Најчитани вести