Кавадарчанец претепан со безбол палки додека спиел

Кавадарчанец претепан со безбол палки додека спиел
Кавадарчанец претепан со безбол палки додека спиел

Кавадарчанец И.Т. (34) вчера рано утрото бил жестоко претепан со безбол палки од повеќе лица, кои му упаднале во куќата додека спиел.

Тој во полициската станица во Кавадарци, вчера пријавил дека околу 3 часот по полноќ, додека бил во својата куќа, повеќе лица влегле во собата каде спиел и физички го нападнале удирајќи го со палки по телото.

Полицајци извршиле увид и се работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.