Кавадарчанка со кривична пријава за трговија со дете

Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при Одделот за сериозен и организиран криминал на МВР до ОЈО за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицето М.Д. (42) од Кавадарци поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – “трговија со дете“ по член 418 од КЗ на РМ.

Имено, според документираните сознанија, утврдено е дека пријавената во текот на декември минатата година и јануари оваа година го принудувало детето Р.И. штитеник на ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми ,, 25-ти Мај “, да дава сексуални услуги на поголем број лица за одреден паричен надомест.

Исто така, покрај сексуалната експлоатација, пријавената вршела и трудова експлоатација врз детето принудувајќи ја за нејзина сметка да питачи.

М.Д. е задржана во ПС Кисела Вода и во текот на денот ќе биде однесена за распит при Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.