Македонија

Кавадарчани донираа еден тон вода за поплавените

Кавадарчани донираа еден тон вода за поплавените

Еден тон вода, 25 пакети со храна и средства за лична хигиена обезбедија кавадарчани за семејства кои настрадаа од поплавите во изминатите неколку дена.

– Општинската организација на Црвен крст Кавадарци со возило на јавното претпријатие „Комуналец“ ја испрати собраната хуманитарна помош кај настраданите во општините Прилеп и Кривогаштани, информираше Димитар Каракулев, претседател на кавадаречкиот Црвен крст.

Помошта беше собрана со поддршка на локалната самоуправа, невладиниот сектор, Унијата на жени и Унијата на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ од овој град, како и компанијата Алијанс Уан.

Помош во пакети со храна добија и 14 семејства од кавадаречко кои претрпеа штети од невремето.