Кавадарчани не му се плашат на Заев – Масовна поддршка на иницијативата за одговорност за велепредавство

Македонскиот народ не потклекна на заканите за тужби на опозицискиот лидер Зоран Заев кои вчера првиот човек на СДСМ ги упати преку опозициските портали.

Граѓаните од Кавадарци вчера масовно се потпишуваа на иницијативата за одговорност за велепредавство на претседателот на СДСМ. Тие го ставија својот потпис и побараа поведување на постапка за одговорност за велепредавство на Заев.

Пензионерите остро ги осудуваат потезите што ги прави Заев во име на СДСМ, за како што велат, наводно недемократско работење на Владата на Република Македонија. Нагласуват дека власта се добива на избори, народот ја дава власта и народот ја одзема.

– Ова што се прави преку прислушкување, бламажа на официјалната власт и објавување на разговори се тешки кривични дела и треба да одговара за ова. Македонија ако продолжува со ова темпо на деинтеграција, односно рушење на уставниот поредок ќе се намали и вработувањето, ќе дојдеме до ситуација и ние пензионерите да не можеме да ги зимаме пензиите што ни ги гарантира и исплатува Владата. Од тие причини ние ја поддржуваме Владата на Република Македонија, а оние кои сакаат да дојдат на власт нека одат на времени избори, односно на редовни избори. Таму се дава власта. Власта ја дава народот и никој друг. Се ова што се прави до сега бараме од кривичниот суд и обвинтелството на Република Македонија да ја забрза постапката и да донесе конечна пресуда за сторителите на кривични дела, вели Трајан Трајковски, заменик-претседател на извршен одбор на пензионери.

potpis-2

Кавадарчани дадоа поддршка за проектите на Владата и побараа што поскоро Заев да биде онаму каде што му е местото со законските прописи.

– Го дадов својот потпис за поддршка и активирање на правдата и вербата во правосудниот систем на Република Македонија, вели друг кавадарчанец.

potpis-1

-Мислам дека денешната иницијатива е во ред и крајно време е да се стави крај на озборувањата на Заев. Мислам крајно време е да се стави крај на тоа и Заев да си го најде местото, додава жителка на Кавадарци.

potpis

Иницијативата започна завчера во скопската населба Автокоманда. Голем број на граѓани во редици чекаа да го стават својот потпис на листите преку кои бараат Заев да биде прогласен за велепредавник.