Кавадарчани се повредиле при лов

пушка

На 11.10.2014 година околу 08,30 часот во атар на Кавадарци, поточно на м.в.„Шамаците“ додека лицата И.М.(57), Р.Г.(52), Ј.Ш.(63), сите од Кавадарци, биле на лов, во еден момент Ј.Ш. од ловачка пушка испукал кон зајак, но сачмите се одбиле од земја и неколку сачми го погодиле И.М. во пределот левата рака 2 сачми, левата нога 2 сачми и стомакот една сачма.

Истиот е пренесен во ЈЗУ-Кавадарци, од каде по укажаната лекарска помош е префрлен во УЦ-Скопје и е вон животна опасност.Ј.Ш. е приведен во ПС-Кавадарци, од истиот со потврда за привремено одземени предмети одземена е ловечка пушка и противистиот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.