Кавадарчанка нападната од сопругот – се бори за живот

Попладнево на скопските клиники е хоспитализирана жена од Кавадарци, која била нападната од својот сопруг.

Кавадарчанката е во животна опасност, а случајот го потврди и полицијата.

– Во 15:30 часот во Полициската станица од општа надлежност – Кавадарци, кавадарчанец пријавил дека ја нападнал сопругата во нивниот дом. Полицијата излегла на лице место и жената била однесена во Медицински центар Кавадарци, а потоа префрлена на скопските клиники во животна опасност, изјави Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.