понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 1

Кавадарци ќе добие уште една градинка

Новата градинка нема да ги задоволи потребите на градот, но ке биде стимул за понатамошно и целосно комплетирање на овие проблеми околу обезбедување простор за најмладите.

Кавадарци ќе добие уште една градинка

Кавадарци ќе добие уште една градинка

Последни вести

Кавадарци ќе добие уште една градинка, најави денеска секретарот во локалната самоуправа Кире Делов, на одбележувањето на 53 години од постоењето на детската градинка „Рада Поцева” во овој град.

– Постојано посветуваме посебно внимание за надградување на условите за работа и престој на малите деца и ги знаеме капацитетите со кои располага градинката.  Затоа во ова прилика сакам да потсетам дека во план е изградба на нов објект односно реконструкција и адаптација на старата лабараторија, каде за неколку месеци ќе треба да биде подигната градинка каде ќе бидат сместени околу 100 дечиња, рече Дрлов.

Тој нагласи дека новата градинка нема да ги задоволи потребите на градот, но ке биде стимул за понатамошно и целосно комплетирање на овие проблеми околу обезбедување простор за најмладите.

По положувањето на цвеќе пред споменикот во центарот на градот, се реализираше и богата културна уметничка програма во чест на патронатот.

– Покрај тоа денеска вторпат ќе го ставиме зеленото еко знаме како резултат на проектот „Интеграција и едукација на воспитно- образовната работа“ на ниво на држава. Задоволни сме затоа што кај нас детската градинка е куќа на децата со детска радост и смеа. Тие се најубавата ливада и покрај тоа што садат цвеќиња, рече директорката Снежана Ганчева.

Низ сите овие години, истакна таа, низ градинката поминале многу деца. Само лани се запишале 1000 и сега престојуваат толку, а капацитетот  е за 500 деца.

Најчитани вести