Кавага во Борусија Дортмунд

Според неколку англиски медиуми, Шинџи Кагава се враќа во Бундеслигата, односно Борусија Дортмунд.

Тој во 2012-та година, како еден од главните играчи на тимот од Дортмунд, кој ја освои двојната круна, се пресели во Манчестер Јунајтед.

Сепак, за нешто повеќе од две години не успеа да создаде лична афирмација на „Олд Трафорд“. Се менуваа менаџерите на тимот, но ниту еден немаше доверба во Јапонецот.

Јунајтед од Борусија го купи за 17 милиони евра, а Кагава ќе се врати во Дортмунд за 10 милиони, плус 2,5 милиони бонуси, во зависност од неговиот учинок.

Од 2012-та година досега Кагава одиграл 38 натпревари за Јунајтед на кои постигнал шест голови.