Кавани на Олд Трафорд за 80 милиони фунти

Ричард Кеис, познатиот спортски новинар од „Скај Спорт”, го привлече вниманието на фудбалската јавност со сензационалната изјава дека уругвајскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Единсон Кавани, на стартот од летниот преоден рок ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на Манчестер Јунајтед.

„Трансферот на Единсон Кавани на Олд Трафорд е веќе завршена работа. Се’ што треба да направат челниците на Манчестер Јунајтед е да најдат заеднички јазик со Кавани и со неговиот агент. Јунајтед ќе потроши околу 80 мил. фунти за неговото обештетување. Исто така, вистинското прашање е дали Кавани сака да игра за тим кој во новата клупска сезона нема да биде дел од Лигата на шампиони”, изјави Кеис.

Агентите на Кавани пред неколку недели беа забележани во Лондон каде имаа состанок прво со челниците на Челзи, а потоа и со тие на Манчестер Јунајтед.

Доколку се реализира најавениот трансфер, Кавани ќе биде познат и како најскапа аквизиција во клупската историја на Манчестер Јунајтед.