Кавани несреќен во Париз и сака трансфер во Англија

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Франција, ПСЖ, потврди дека е точна информацијата која пред неколку дена беше пласирана од француските медиуми дека најскапата аквизиција во клупската историја, уругвајскиот интернационалец, Единсон Кавани, сака да си замине од „Паркот на Принцовите”, на крајот од актуелната сезона.

„Веќе на сите им е јасно дека Кавани не е толку среќен во Париз и дека не е среќен што мора да соработува со шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ. Кавани е во сенка на Ибракадабра и тешко дека ќе излези од таа сенка. И клупските челници не се задоволни од ефектот на Кавани за кого платија рекордни 60 мил. евра. Голема е веројатноста дека ќе си замине на крајот од актуелната сезона. Единсон веќе не крие дека сака својата кариера да ја продолжи во англиската Премиер лига”, изјави анонимниот извор.

Англиските медиуми пак веќе неколку недели ја форсираат приказната дека Кавани ќе биде најновата милионска аквизиција на сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Роман Абрамович.