Кавани сака да игра каде што игра Ибрахимовиќ

Најскапата аквизиција во клупската историја на францускиот гигант ПСЖ, уругвајскиот интернационалец, Единсон Кавани, потврди дека нема да си замине од “Паркот на Принцовите” за време на летниот преден рок.

Најголем интерес за услугите на искусниот напаѓач покажаа челниците на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, кои беа подготвени да одвојат околу 60 мил. фунти за неговото обештетување.

“Убеден сум дека ќе останам во Париз. Зошто да не останам на “Паркот на Принцовите”?. Убаво ми е во Париз. Имам одличен договор со челниците на ПСЖ и сакам да го испочитувам до самиот крај. Ќе повторам уште еднаш, убаво ми е во Париз. Мојата иднина во овој клуб не зависи само од мојата позиција во тимот, зависи и од одлуките кои ги носат клупските желници. Точно дека имав мал проблем во изминатата сезона. Многу е важно, фудбалерот да игра на својата природна позиција, на таа на која се чуствува најдобро, најрелаксирано. Сите знаат која позиција ми е омилена и не сакам да зборам на оваа тема”, изјави Кавани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.