Кавани се поблиску до Манчестер Јунајтед

Уругвајскиот интернационалец од редовите на ПСЖ, Единсон Кавани не можеше да даде 100% гараниција дека и во новата клупска сезона ќе го носи дресот на актуелниот шампион на Франција.

Искусниот напаѓач важи за голема желба на новиот менаџер на англсикиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, а според англиските медиуми сезонационалниот трансфер може да биде реализиран доколку официјалната понуда за Кавани не биде помала од 70 мил. евра.

“Моментално сум во Париз и сум фудбалер на ПСЖ, но нема ништо сигурно во фудбалскиот свет. На крајот од изминатата сезона разговарав со тренерот на ПСЖ, му кажав дека не ми се допаЃа позицијата на која играм. Ми кажа дека во новата сезона ќе има промени во тактиката и во формацијата”, изјави Кавани.