Кавани во Јувентус е само научна фантастика

Сензационалната информација, пласирана од италијанските медиуми дека најскапата аквизиција во клупската историја на францускиот прволигаш ПСЖ, Единсон Кавани ќе биде дел од најавениот трансфер на младиот играч за врска од редовите на Јувентус, Пол Погба, експресно беше демантирана од агентот на уругвајскиот интернационалец, Клаудио Анелучи.

„Сега не е вистинскиот момент за да збориме на оваа тема. Сега сме во најважниот период од актуелната сезона. Големите клубови се фокусирани на финишот од актуелната сезона, фокусирани се на трофеите кои се игра, како на домашната, така и на европската сцена. ПСЖ и Кавани се дел од фудбалската елита. Не знам од каде таа приказна дека ПСЖ нуди 30 мил. евра и ги нуди услугите на Кавани за да обратната насока се упати Пол Погба. Нема ни теоретска шанса за реализиација на еден таков трансфер. Тоа нема да се случи, јас гарантирам и тоа со 100% сигурност. Да бидеме малку сериозни, да разговараме за сериозни, а не за смешни и нереални теми”, изјави агентот на уругвајскиот интернационалец.