Казахстан го зголемува производството на гас

Вкупното производство на гас во Казахстан до 2030-тата година ќе достигне 54,1 милијарди кубни метри, што во однос на показателите од 2013-та година, ќе биде зголемување од 25 отсто.

Овие износи се добиени на основа на прогнозите од билансите за производство и потрошувачка на комерцијален гас.

Откриените резерви на гас во Казахстан, сметајќи и на новооткриените пронаоѓалишта во Каспиското море, ќе достигнат околу 7.600 милијарди кубни метри.