Казенев: Црната кутија на Ербасот е оштетена, но употреблива

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев изјави денес дека црната кутија на авионот на германската компанија „Џерманвингс“, кој се сруши на француските Алпи со 150 патници и членови на посадата, е оштетена но дека верува оти е „употреблива“.

Казенев за радио РТЛ изјави дека истражителите работат на извлекување информации од црната кутија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.