Кажете им збогум на уринарните инфекции

Досадните и болни уринарни инфекции најчесто ги предизвикува бактеријата Ешерихија коли.

Покрај медикаментите инфекциите можат да се лекуваат и со природни лекови.

Лековитите билки ефикасно можат да помогнат кога ве мачат болни унирарни инфекции, кога постојано чувствувате потреба да мокрите, кога чувствувате болка во долниот дел на стомакот и кога Ви прави проблем додека се движите.

За да ги решите овие проблеми Ви предлагаме веќе проверен природен лек. Некои природни нтибиотици одлично ќе Ви помонат во надминувањето на проблемот.

Како се подготвува природниот антибиотик

Антибактериските и антивирусните дејства на долунаведените состојки ефикасно ги уништуваат најупорните бактерии.

Потребни состојки:

250 грама корен од магданос

250 грама лимон со кора

250 грама мед

2 децилитри маслиново масло

Начин на подготовка:

Коренот од магданос и лимонот со кора треба ситно да се исецка, а потоа сите состојки, вклучувајќи го медот и маслиновото масло се соединуваат во блендер.

Кашестата смеса треба да се чува во фрижидер. Наутро, пред појадокот и кафето, треба да се изеде една кафена лажичка. Кога ќе ја изедете содржината на теглата, би требало бактеријата да исчезне од вашиот уринарен тракт.

Медот за овој рецепт снабдете го од проверен пчелар. Лимонот пред употреба држете го еден час во адна вода помешана со сода бикарбона – на тој начин ќе се уништат пестицидите кои се нанесени со прскање на лимонот.