Казна од ЕХФ за македонските и француските ракометари

Казна од ЕХФ за македонските и француските ракометари. Дисциплинската комисија на ЕХФ на Европското првенство ги изрече и првите парични казни и тоа за селекциите на Македонија и на Франција.

Франција ќе треба да плати вкупно 1.500 евра поради тоа што играчите го немаат логото на шампионатот на ракавот на својот дрес (1.000 евра), како и тоа дека играчите немаат истообразна опрема (различни чорапи) за време на натпреварот.

За Македонија казната е 500 евра поради тоа што играчите носат различни видови и бои чорапи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.