Казна од илјада евра за неоправдано остуство од седница

Во австрискиот Парламент моментално се води дискусија за воведување казна за пратениците кои не присуствуваат на седница.

Дискусијата го поттикна протестот на партијата „Неос“, која во знак на револт во последен момент ја напуштила седницата.

Шефот на пратеничкиот клуб на Народната партија, Рајнхолд Лопатка ито така предлага казнување на пратениците кои неоправдано отсуствуваат од пленарната седница.

Според него, работодавците не толерираат неоправдано изостанување на работниците, па така и пратениците имаат обврска да присуствуваат на седниците и на гласањето.

Лопатка предлага неоправданото отсуствување од седница да се казнува со илјада евра.