Казна за БЕГ поради оштетени улици во Центар (ФОТО)

Ископана улица и ударни дупки, уништени тротоари и зеленило, ова е сликата која остана на улица „Народен фронт“ во Капиштец, по интервенцијата на топлинската мреже од страна на  БЕГ (Балкан Енерџи Груп). И покрај укажувањата и претходната опомена од страна на Општина Центар,  БЕГ и покрај даденото ветување продолжи со самоволието и не ги исполни обврските улицата и зеленилото да ги вратат во првобитна состојба. Иста е состојбата и на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир Маало, информираат од општина Центар.

Граѓаните со право реагираат  и бараат од градоачалникот Андреј Жерновски да помогне да се среди хаосот кој го прави уништената улица и околина.

И покрај донесеното решение за враќање на прокопот во првобитна состојба на улица „Народен фронт“ и  на улица „Ѓуро Ѓоновиќ“,  инвеститорот „Снабдување со топлина“- БЕГ т не постапи по решението и од тие причини Општина Центар  ќе достави глоба до инвеститорот и изведувачот. За инвеститорот, по член 150 став 1 од Законот за градење,  глоба во износ од 7.000 евра за правното лице и глоба во висина од 30 посто од одмерената казна за правното лице ќе му се изрече за прекршокот на физичкото лице, одговорно во правното лице. За изведувачот, по член 156 б став 3, глоба во износ од 4.000 евра и глоба во износ од 30 посто за физичкото лице

Глобата мора да се плати во рок од 8 дена, во спротивно проблемот ќе се решава по судски пат.

Општина Центар, штитејќи ги пред се’ интересите на граѓаните, нема да дозволи самоволие на нејзина територија од страна на ниту една компанија.

БЕГ во иднина нема да добие дозвола за градежни активности на територија на Општина Центар се’ додека не ги исполни наведените обврски.

Слика (1)

Слика (2)