Македонија

Казна за препродавач на бостан: Продавал на несоодветно место и без дозвола за пласман

Казна за препродавач на бостан: Продавал на несоодветно место и без дозвола за пласман

Акција на Државниот инспекторат за земјоделство за заштита на регистрираните производители и трговци. Вкупно 800 евра каза заработи препродавач на бостан кој вршел продажба на несоодветно место и немал дозвола за производство, односно за пласман.

Од Државниот инспекторат за земјоделство информираат дека во континуирана акција се врши контрола на пласманот на градинарски и овошни култури во сите региони во земјава.

Во тие рамки Инспекторатот поднесе пријава против лицето Н.Н. кое е затекнато со 9.600 килограми бостан при продажба на несоодветно место во Струмица. Н,Н,  не поседува дозвола за производство, односно пласман на производот што го продавал, па надлежниот инспектор му изрече казна во висина од 800 евра и ја заплени целата количина затекната кај именуваниот.

Од Државниот инспекторат информираат дека следува уште позасилена контрола со цел да бидат заштитени регистрираните производители и трговци со зеленчук и овошје.