Казна затвор за британските навивачи и протерување од Франција

Двајца британски навивачи на кои денеска им се судеше за учество во насилните инциденти пред и по средбата Англија-Русија во Марсеј, беа осудени на казна затвор од два и три месеци и веднаш беа испратени на издржување на казните, јавува дописникот на МИА од Париз.

Првиот е 41-годишен психијатриски медицински техничар, Јан Хепворт, кој беше осуден од кривичниот суд во Марсеј на три месеци затвор и две години забрана за престој на француска територија. Другиот навивач е Александар Ботх, 20-годишен готвач, кој доби два месеци казна затвор и две години забрана за престој во Франција.

По насилните инциденти францусуките власти одлучија повеќе да не точат алкохол во центарот и периметарот на стадионите, а полициите на соседните земји презедоа превентивни мерки за блокирање на хулиганите пред нивното пристигнување во Франција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.