Казнета првата жена во Данска за носење никаб

Дваесет и осум годишна жена е првата личност во Данска која ќе мора да плати парична казна поради носење никаб во јавност, откако на 1 август на сила стапи забраната за прикривање на лицето во јавност.

Според медиумите, жената била казнета во трговски центар во Нордсјаланд кога дошло до турканица со друга жена, која се обидела да го отргне никабот од лицето на муслиманката која се спротиставила. Сепак, во гужвата и бил отргнат никабот, но жената пак го ставила никабот. Присутните повикале полиција, која побарала жената да го тргне превезот од лице.

Жената со оглед дека одбила да го тргне никабот на барање на полицајците, мора да плати казна во износ од 1.000 круни, или 120 евра. Законот предвидува казна и до 10.000 круни ако се повторува прекшокот.

Новиот закон, кој помина во парламентот, во Данска предизвика протести и критики од страна на групите за човекови права. Законот предвидува дека секој кој ќе го покрие лицето во јавност, ќе биде кзанет со парична казна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.