Казнети десет моторџии, запленети пет мотори

Скопската полиција вчера казнила повеќе возачи на мотори поради различни прекршоци, информираше МВР.

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 19 до 1 часот денеска полициски службеници од Одделението за сообраќај при СВР Скопје превзедоа мерки за контрола насочена кон учесниците во сообраќајот кои управуваат мотори и веспи, на подрачјето на главниот град. Односно околу почитувањето на сообраќајните правила и прописи – носење заштитен шлем, брзина на движење, возење под дејство на алкохол и друго – за оваа категорија на учесници во сообраќајот- велат од МВР.

Притоа, пет моторцикли се задржани во полициска станица од причина што немало никакви документи за возачите и моторите (возачка и сообраќајна дозвола). Исто така, изречени се и десет прекршочни платни налози по основ на неносење заштитен шлем, непочитување на првенство на минување, како и по основ на управување со возило пред стекнување право за полагање на возачки испит и непоседување на возачка дозвола.