Казни за граѓаните кои палат гуми и пластики

Овластениот инспектор за животна средина и комуналните редари од општина Карпош, при континуирана контрола на локација во населбата Бардовци, утврдил неовластено палење на отпад.

Притоа, инспекторот побарал асистенција од полицијата која извршила увид, при што го идентификувале лицето кое палело недозволени материјали.

Комуналните редари од општина Карпош на сторителот на прекршокот му изрекоа казна, согласно законот за јавна чистота.

Контролите на инспекторот и комуналните редари продолжуваат и наредните денови, со цел да се спречат овие сериозни прекршоци од страна на несовесните граѓани.

Општина Карпош апелира до своите сограѓани на поголема свесност, бидејќи при согорување на овие материјали се предизвикува опасен ефект, при што се ослободуваат токсични супстанци во воздухот.