Казни за илегалните мигранти кои работат „на црно“ во Британија

Казни за илегалните мигранти кои работат „на црно“ во Британија
Казни за илегалните мигранти кои работат „на црно“ во Британија

Илегалните мигранти кои „на црно“ се вработиле во Велика Британија се под закана за затворски казни, а нивната заработувачка според новите законски мерки ќе биде запленета, пишува МИА.

Оној кој мисли дека Велика Британија држи широко отворени врати треба да се отрезни. Ако овдека сте дошле илегално ќе преземеме мерки да ве спречиме да се вработите, да изнајмите стан, да отворите сметка во банка или да возите автомобил, истакна Џејмс Брокеншајр, британски министер за имиграција.

Британската Влада најави дека по летните одмори ќе усвои закон кој подразбира нови казни за работа на црно – затворска казна од најмалку шест месеци и неограничени парични казни за илегалните мигранти. Со новите закони ќе може да се заплени и имотот на имигрантите.

Меркел и Оланд: Заеднички одговор од ЕУ за кризата со мигрантите

Меркел и Оланд: Заеднички одговор од ЕУ за кризата со мигрантите
Меркел и Оланд: Заеднички одговор од ЕУ за кризата со мигрантите

Потребен е заеднички одговор од ЕУ за кризата со мигрантите. За заеднички одговор од Европската унија на најлошата бегалска криза што ја погоди Европа по Втората светска војна, денес апелираа германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.

Мораме да создадеме единствен систем за право на азил, истакна Оланд, додавајќи дека приливот на бегалци од кризните зони во светот е „исклучителна ситуација која ќе потрае некое време“.

Германската канцеларка, навела дека Германија очекува од сите земји-членки на ЕУ што побрзо да се согласат со постоечката политика кон бегалците.

Таа ги осуди насилните протести против бегалците во Хајдена за време на викендот.

По страшните слики од Хајдена во Саксонија, сакам да кажам дека силно го осудувам насилството што таму се случи и дека атмосферата на расизам што ја видовме е неприфатлива. Одбојно е да се види како десничарските екстремисти и неонацисти ја изразуваат својата омраза. Но, подеднакво е срамно да се види како германски граѓани, дури и семејства со деца тоа го поддржуваат, марширајќи со нив. Можам само да повторам дека Германија е земја кој го почитува достоинството на секој поединец, истакна Меркел.