Казни за Пировска и Најчевска за прекршоци за време на протестите

По универзитетскиот професор Гордан Калајџиев и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска и професорката Мирјана Најчевска се казнети со по 50 евра или општокорисна работа поради прекршок сторен за време на протестите.

Пировска по распитот во полиција изјави дека го признава делото, но дека не го потпишала платниот налог, бидејќи според неа учеството и фрлањето боја на протестите е легитимно право на граѓаните за изразување револт.

Инаку, Најчевска фигурира на списоците на лицата вклучени во платеничката револуција на СДСМ. Таа заедно со останатите платеници на Сорос, учесници во платеничката револуција денес дојде пред полициската станица БЕКО, истури боја и одби да отиде на информативен разговор на кој требаше да се соочи со доказите за нејзиното хулиганско однесување.

Таа на распитот и го испрати својот адвокат во полициската станицата Беко во Скопје и изјави дека ќе продолжи да учествува во протестите организирани од СДСМ и СОРОС и дека ќе бара авторизација на нејзиното боење на спомениците и зградите, бидејќи тоа го смета како разубавување на објектите.