Казни за тројца фудбалери на Саудиска Арабија

Фудбалската федерација на Саудиска Арабија потврди дека ќе казни тројца фудбалери по вчерашниот дебакл против Русија, каде оваа арапска држава доби чест за прв пат да игра на отворање на  едно Светско првенство, но се посрами.

Саудиска Арабија загуби од домаќинот со 0:5 што е највисок пораз по оние 0:8 од Германија на Мундијалот во 2002 година. Судијците имаа одлични квалификации, но и подготвителни натпревари против силни противници каде имаа добра игра и резултати.

Многу сме разочарани поради поразот. Чувствуваме големо незадоволство од овој резултат бидејќи не е одраз на нивото на нашата подготвеност. Неколку играчи ги очекува казна, во прашање се голманот Абдула Ал-Маџуф, напаѓачот Мохамед Ал-Сахлави и дефанзивецот Омар Хосави, изјави претседателот на Федерацијата, Адел Езат.

Не е исклучено лошиот резултат да се должи на постот поради празникот Рамазан Бајрам, но и покрај челниците на саудискиот фудбал не простуваат за ваквиот дебакл.