Казорла откри дека Касиљас е голема желба на Арсенал

Шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Санти Казорла откри дека клупските челници за време на летниот преоден рок ќе испратат официјална понуда за легендарниот капитен на Реал (М), Икер Касиљас.

“Пред неколку дена разоговарав со мојот репрезентативен колега Икер Касиљас. Му кажав дека сакам да го видам и во дресот на Арсенал. Постојано ме потпрашува за животот во Англија, за тоа како функционира англиската Премиер лига. Не му е лесно на Касиљас, тој е дел од една многу комплицирана ситуација, но мора да донесе конечна одлука. Знам дека има голем интерес за неговите услуги, дека е желба на најголемите клубови од Европа. Интерес има и од Арсенал. Сепак, мали се шансите да замине од “Сантијаго Бернабеу”, тешко дека ќе добие дозвола од клупските челници. Знае што се има во Мадрид и знае што ќе добие доколку ја промени клупската средина”, изјави крилниот напаѓач на Арсенал.