КЦ Александар Македонски во реализација на годишните програмски активности и проекти

Така, петтото издание на Фестивалот Скопје креатива 2016 под мотото „Hub me with creativity“ ќе се оддржи од 09 до 11 јуни на Плаја Виста во Скопје.

1kc

Поготвени се одлични содржини со голем број на учесници, изложби, предавачи, работилници, проекции и многу креативност.

2kc
Следејќи ја нивната WEB страна http://www.kongresencentaraleksandarmakedonski.mk/ и
страната на Скопје креатива http://skopjekreativa.mk/index.php/mk/ можете да се информирате за сите настани од овој фестивал и да бидете информирани за тродневната програма која ќе се реализира на просторот на Плаја Виста (ЦД клуб Маки-Кале).

3kc

Во рамките на годинешниот Фестивал „Скопје Кратива 2016“, учество ќе земат и скопските ученици кои ќе настапат со пет различни проекти под менторство на своите професори. ИнфоМлади@Креативни ќе се претстават со следниве работилници:

– Работилници за:мода/костим, ментор: Наташа Андонова –  ОУ Кочо Рацин;
– Работилница кратки сценарија/филм, ментор: Небојша Јовановиќ – ОУ Орце Николов;
– Работилница за макети, ментор:Мартин Гулески – ОУ Здравко Цветковски;
– Работилница за ИТ апликации, ментори од ФИНКИ – ОУ Раде Јовчевски Корчагин;
– Работилница за кулинарика, ментор: Марк де Јонг – ОУ Лазар Танев),

Нивниот  настап е закажан на првиот фестивалски ден, четврток (09.06.2016 година).

4kc

Проектот Улични музичари и артисти ќе се одржи по шести пат. Термините на проектот се од средината на Мај 2016 до 31 Декември 2016, на централните плоштади Мајка Тереза, Плоштад ВМРО, Плоштад Македонија, Плоштад Филип 2. Истиот ќе се прошири и на плоштадите Скендер бег и Богородица, штом се доврши нивната изградба.

Реализиацијата и овој пат е во организација на Ј.У. Конгресен центар Александар Македонски, а истиот е поддржан е од Град Скопје. Во проектот ќе соработуваат и учествуваат националните установи на Република Македонија, културните институции на Град Скопје, средните и основните училишта од Скопје.

5kc

Во рамките на овој проект е вклучен и проектот Скопски летен ритам 2016кој ќе започне да се реализира во периодот од  втората половина на мај до октомври.  Тој  има за цел културно  заживување на плоштадите преку  урбаната култура, односно да  понуди културна содржина која е достојна на една метропола. Генерирање на нова и стара публика преку квалитетна, иснпиративна, свежа културно-уметничка програма која ќе ја надополни и збогати атмосферата и амбиентот на Скопје за сограѓаните и туристите, во предстојниот пролетно летен период. Овозможивање и заживување на нова интердисциплинарност и уметничка интегрираност во духот на градот, непосредната комуникација и пријатните расположенија.

6kc

Покрај подготовките и веќе започнатата реализација на овие проекти, КЦ Александар Македонски наголемо ги започна подготовките за годинешното, деветто поред издание на Македонскиот радиски фестивал – МАРС 2016, кој традиционално ќе се одржи во последната седмица на месец ноември.