Ќе бидам премиер на Владата на Република Северна Македонија

Јас ќе бидам премиер на владата на Република Северна Македонија кога ќе се случат Уставните промени и нивната имлементација како што е опишана во Договорот, истакна премиерот Зоран Заев во емисијата „Само Вистина“.

 

Исто така тој рече дека сите државни институции, според договорт ќе ја додадат придавката „Северна“ во своето име. 

Тој посочи дека бил тежок процесот на преговори за името со Грција.

„Имаше моменти кога верувавме дека не може да се реши. Многу е важно лидерството, чекорите. Се одложија разговорите со Ципрас заради текстот, заради договорот“- рече Заев.

 

За средбата со претседателот, Ѓорѓе Иванов рече дека траела 2 минути и не можел ни вода да се напие. Заев рече дека два збора не кажал кај Иванов.

Исто така, Заев рече дека во 2012 и во 2013 година, поранешниот  премиер Никола Груевски се согласил Македонија да го добие името „Горна Македонија“, но Грција одбила, затоа што била испровоцирана од антиквизацијата и од проектот „Скопје 2014“.

„Кога судот би ги објавил разговорите за името, ова не е прв пат да биде прифатено име со географска одредница, ерга омнес. Никола Груевски прифати Северна и Горна Македонија во 2012 и 2013 година, без да биде дефиниран идентитетот, односно без Грција да го прифати идентитетот и јазикот, тоа било оставено да лебди. Грција не го прифати ова решение зашто беше испровоцирана со Скопје 2014. Ова го има во разговорите и првпат го кажувам“-  рече Заев.

Воедно,  задоволството од потпишувањето на договорот со Грција, со кој Македонија го менува своето уставно име, Заев го спореди со чувството кога тој вози мотор, бидејќи и во двата случаи се чувствува посебно среќен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.