Ќе дадеме шанса на дијалогот сѐ додека е тоа возможно

Разговорите со опозицијата траат долго. Овие раговори ќе продолжат, веројатно во недела вечер или понеделник наутро. Разговорите се поврзани со процесот за претстојниот референдум и со формирањето на Државната изборна комисија, изјави Зоран Заев, претседателот на СДСМ по денешниотнеуспешен крај на лидерската средба.

„Стратешки цели на нашатаа земја и на сите парламентарни партии е полноправното членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Компромиси нема. Амнестија директна или индиректна – нема. Ќе дадеме шанса на дијалогот и разговорот сѐ додека е тоа возможно. Разговорите продолжуваат. Собранието продолжува да работи и на промените во Изборниот законик. На лидерската средба очекувам да се договори и имплементацијата на ДИК“, рече Заев.