петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 0

Амбер Херд ќе ги донира сите 7 милиони долари што ги зема од Џони Деп

Во мај оваа година Херд побара забрана за приближување. Амбер го обвини својот сопруг за семејно насилство и објави фотографии на кои таа е со модринки по лицето.

amber-640x427

Последни вести

Амбер Херд ги донира сите пари кои ги доби од бурниот развод со Џони Деп.

Парите ќе бидат поделени меѓу Детската болница во Лос Анџелес, каде Херд веќе 10 години работи како волонтер и невладината организација „American Civil Liberties Union“.

dzoni-dep-i-amber-herd-1451832659-76546

„Како што објавија медиумите, сумата која ја добив од разводот е 7 милиони долари и 7 милиони долари се донирани. Ова е далеку повеќе од сите суми кои некогаш сум ги донирала, а ќе продолжам да донирам и во иднина“ – рекла таа, објаснувајќи дека парите ќе бидат донирани во неколку организации со„посебен фокус да се спречи насилството кон жените“.

„Убедена сум дека овие организации добро ќе ги искористат средствата и ќе продолжам да ги поддржувам во иднина. Се надевам дека ова искуство ќе резултира со позитивни промени во животите на луѓето на кои тоа им е најпотребно“ – вели холивудската ѕвезда.

amber amber

Во мај оваа година Херд побара забрана за приближување. Амбер го обвини својот сопруг за семејно насилство и објави фотографии на кои таа е со модринки по лицето.

Најчитани вести