Ќе ги разоружа ли МВР пиштолџиите од СДСМ ?

На социјалната мрежа Фејбук се шират неколку видеа на кои јасно може да се види како извесен Фазли Рамадани, поддржувач на СДСМ, пука во рафали од огнено оружје, а за тоа јавно се фали и величи.
Ако се истражи неговиот фејсбук профил ќе се види дека е страствен поддржувач и активист на СДСМ. Тој на својот профил има фотографии со многу високи партиски, а сега и државни функционери на СДСМ, вклучително и со премиерот на Македонија, Зоран Заев.

Меѓу останатите функционери од СДСМ со кои Рамадани се сликал и со кои бил во друштво се Радмила Шеќеринска, Петре Шилегов, Мухамед Зекири, Велимир Смилевски, Курто Дудош и многу други.

Ова не е единствен случај каде што членови на СДСМ и на партиите од власта се однесуваат на насилен и гангстерски начин, но за жал до сега МВР против ниту еден од нив не презеде никакви мерки.

Ќе преземе ли мерки министерството за расветлување на овој случај и Рамадани ќе биде изведен пред органите на правдата?! Или пак членовите на СДСМ, а и на целокупното актуелно парламентарно мнозинство заштитени од Власта ќе продолжат да се однесуваат како локални шерифи за кои законите не важат.

Во овој контекст вреди да се потсетиме дека, победата на Курто Дудош во Шуто Оризари на локалните избори, беше проследена со пукање од огнено оружје пред штаб на СДСМ. За овој настан постои и видео кое што го објавија сите портали во Македонија, на кое јасно се гледаат лицата на сторителите, но МВР не превзема никакви мерки и сторителите поминаа неказнети.

И ДУИ победата на Висар Ганиу во Чаир, исто така ја прослави со пукотници од огнено оружје.
Славениците испукаа цели шаржери во воздух, предизвикувајќи вознемиреност кај населението во Чаир, но за овој случај како и за претходниот МВР не превзема никакви мерки за расветлување на случаите и сторителите да ги изведат пред лицето на правдата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.