недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 26

Ќе им дозволат на жените да возат автомобил во Саудиска Арабија?

Член на саудиското кралско семејство одлучи да раскине со традицијата и повика на укинување на забраната жени да возат автомобили.

арабија

Поврзани вести

Принцот Алвалид Бин Талал изјави преку социјални медиуми дека е крајно време властите во неговата држава да им дозволат на жените да управуваат автомобили.

Саудиска Арабија е единствена држава во светот во која е забрането жени да управуваат автомобили.

Спречувањето жени да возат автомобили денес е прашање на човеково право, слично на тоа кога на жените им забранува да се образуваат, напиша Алвалид на Твитер.

Тој наведува финансиски, економски, социјални, верски и политички фактори, поради кои жените би требало да управуваат автомобили.

Најчитани вести