Ќе има ли полни раце работа специјалниот јавен обвинител со имотите на СДСМ-овците?

Ако специјалниот јавен обвинител добие мандат да ги испитува имотните состојби на функционерите на СДСМ, тогаш ќе има полни раце работа.

Функционерите на СДСМ меѓу кои што е и заменик претседателката Шекеринска се секогаш достапни на било кој орган на прогон на Република Македонија. Доколку имаше било какви криминални активности на било кој од нас немаше ниту Никола Груевски ниту неговата врхушка да чекаат за да биде избран специјален јавен обвинител.

Ова е одговорот на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов во однос на тоа дали специјалниот јавен обвинител ќе има мандат да го истражува случајот за криминалот на Радмила Шекеринска која сама себе си си издавала станови под кирија.

Како што објави Пресс 24, во мај месец годинава, Радмила Шеќеринска и нејзиниот сопруг Бобо Дајнерс самите на себе си изнајмувале 4 стана.

 Радмила Шеќеринска и нејзиниот сопруг Бобо Дајнерс самите на себе си изнајмувале 4 стана.
Радмила Шеќеринска и нејзиниот сопруг Бобо Дајнерс самите на себе си изнајмувале 4 стана.

Според документите  до кои дојде Press24 семејството на заменичката на Заев во периодот од 2009 до 2013 година само за кирии самите на себе си платиле неверојатни над 320.000 евра или нешто над 20 милиони денари.

Според документите, станува збор за 4 станови од кои 3 во Скопје и еден во Охрид сите сопственост на семејството Јанковски – Шеќеринска.

Шилегов одговарајќи на прашањето дали  специјалниот јавен обвинител ќе има мандат да ја испитува и неговата имотна состојба, како и на претседателот на партијата Зоран Заев, уште еднаш повтори дека имотната состојба на членовите на СДСМ е јавно достапна.

Мојата имотна состојба имотната состојба на било кој функционер, вклучително и на претседателот, заменик – претседателот, јас како портпарол, пратениците од СДСМ, членовите на извршниот одбор,  членовите на централниот одбор е достапна јавно на целокупната јавност и на органите на прогонот.

Пред два месеци порталот „Курир“ ја пренесе изјавата на Шилегов, кој тогаш откри дека заработува двојно повеќе во неговата професија, отколку како пратеник. Но, она што е спорно е дека покрај овие високи суми на пари кои легнуваат на неговата сметка, портпаролот на Заев во својот анкетен лист пријавува минимални примања.

Шилегов најбогат адвокат меѓу пратениците
Шилегов најбогат адвокат меѓу пратениците

„Фатен во ова, Шилегов избегнал да одговори како со минималните примања кои ги има пријавено има стекнато имот вреден вртоглави половина милион евра, куќа на три спрата, стан и два автомобили“, пишува „Курир“ и во продолжение ја пренесува денешната изјава на портпаролот на СДСМ.

Бидете си трпеливи, УЈП врши контрола веќе четири месеци, не успеваат да најдат наод. Имотот, приходите, целокупната имотна состојба на Петре Шилегов е толку јавна, толку транспарентна и толку чесно заработена што претставува запрепастување на челниците на ВМРО-ДПМНЕ кои што мислат дека пари во животов можат да се спечалат само со крадење, рече денес портпаролот на СДСМ.

Со оваа сума на пари кои легнуваат на сметката на Шилегов, 1.000 евра како пратеник без ниту еден сработен ден и сигурно двојно повеќе како адвокат, опозицискиот  портпарол е најбогатиот правник меѓу пратениците. Инаку, Шилегов заедно со останатите пратеници од СДСМ 15 месеци за неработење редовно ја добиваше платата.

За имотната состојба на Заев, досега се пишувало во мноштво наврати, од луксузната хациенда во Грција, до тендери и аванти.

Се на се, ако специјалниот обвинител добие мандат и за овие прашања, тогаш ќе има полни раце работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.